Хан: Владата и опозицијата да се фокусираат на спроведување на итните реформски приоритети
Новата Влада заедно со опозицијата мора да се фокусира на имплементација на итните реформски приоритети и на Договорот од Пржино, за да ја вратат земјата назад на нејзиниот евроатлантски пат, вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за European Western Balkans (europeanwesternbalkans.com).

Хан притоа посочува дека во однос на реформите во делот на владеење на правото го испраќа Рајнхард Прибе со неговиот тим да и помага на земјата.
- Како што и најавив, испраќам експерти за владеење на правото назад во Скопје за да го следат развојот на настаните во врска со препораките од 2015 година и да ја советуваат новата Влада за системски прашање од владеење на правото. Првото заминување на мисијата веќе се случи на 27 јуни, кога водачот на тимот Рајнхард Прибе го посети Скопје. По неговата посета целиот тим ќе го посети Скопје од 17 до 21 јули, вели Хан.
Во врска со спорот за името, тој истакнува дека ЕУ е подготвена да помогне во изнаоѓање решение.
- Ги цениме напорите на македонскиот премиер и неговата Влада да допрат до нивните колеги во Грција и во Бугарија. Важно е да се пронајде заеднички прифатливо решение за спорот околу името и за патот кој ќе води напред. ЕУ е подготвена да го помогне овој процес кој се води под покровителство на ОН и да ги олесни контактите ако е потребно, истакнува еврокомесарот Хан.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
