Хан: Можно решение за Македонија во првата половина на 2018
- Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јохаен Хан очекува во првата половина на 2018 година да се најде политичко решение со Грција за отворање на преговорите со Македонија за членство во ЕУ.
- Сега имаме прозорец на можности до средината на следната година кога почнува изборната кампања во Грција. Се повеќе се разбира потребата дека политичко решение мора да се најде, вели Хан во интервју за австрискиот весник „Винер Цајтунг“.
Нагласува дека во тој правец е и подобрената политичка клима меѓу Скопје и Атина.
- Односите меѓу Грција и ПЈРМ многу се подобрени, благодарение на активните напори на новата влада во Скопје, изјави Хан, додавајќи дека и кај владата во Атина има волја за изнаоѓање политичко решение.
Хан потсетува дека Европската комисија досега даде девет препораки за почеток на преговорите со Македонија. Истакнува дека и државите членки на ЕУ сега сфаќаат дека земјите од Западен Балкан мора да имаат јасна перспектива за евроинтеграција за да се обезбеди долгорочна стабилност во регионот.
Како добар пример во кој се покажа позитивната улога на ЕУ, еврокомесарот го посочува надминувањето на политичката криза во Македонија. Со тоа, истакнува Јоханес Хан, стана јасно дека ангажманот на ЕУ може да направи разлика и оти земјите од регионот треба да бидат вклучени во европската безбедносна мрежа
Ново на Сител
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка