Хан: ЕУ посветена на проширувањето, Србија на врвот на листата

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави денеска во Белград дека е неспорна посветеноста на Европската унија на проширувањето на Западен Балкан и оти Србија е на врвот на таа листа.
Постои јасна поддршка и одлучност Србија да биде во европското семејство, нагласи Хан на прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ.
- На почетокот на јули се одржа самитот во Париз и сите лидери изразија посветеност на проширувањето на Унијата на Западен Балкан, а Србија е на врвот на таа листа и бидете уверени дека има поддршка и одлучност Србија да биде дел од европското семејство, рече Хан.
Тој истакна дека ЕУ ќе продолжи да работи напорно за да се реализира натамошниот напредок на Србија на нејзиниот европски пат.
Хан напомена дека усогласувањето со европските стандарди е во интерес на граѓаните на Србија, а не за да се задоволат европските функционери.
Тоа е важно, како што рече, заради постигнување благосостојба и просперитет, со цел земјата да биде попривлечна за странски инвестиции.
Хан изјави дека е важно и оти е среќен што добил повик да разговара со српската Влада и да ги размени ставовите за европскиот пат на Србија.
Тој изјави дека му е благодарен на Вучиќ поради мудрата одлука за нереагирање на изјавата од Хрватска.
- Ја следиме и набљудуваме скеоја изјава. Но ако можам да кажам и сметам дека сум усогласен за тоа со премиерот, задоволен сум со начинот на реагирање или нереагирање. Моја задача не е да провоцирам, туку напротив, рече Хан по седницата на Владата на Србија, на која присуствуваше по средбата во четири очи со Вучиќ.
Хан изјави дека разликата меѓу политичарот и државникот е во тоа што државникот не ги губи од вид интересите на народот.
- А вашиот премиер за среќа е државник. Јас сум пријател на Србија и верувам во помирување и потребата да се придонесе за натамошен напредок на регионот, додаде Хан.
Хан напомена дека ги следи сите изјави во регионот и дека го цени начинот на реагирање, односно нереагирање на премиерот, но потсети дека хрватскиот Парламент со мнозинство гласови и дал поддршка на Србија на патот кон ЕУ.
Според Хан иднината на целиот регион е во ЕУ и затоа е потребен регион во кој ќе владее мир.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
