Хан: Дијалогот Србија-Косово е клучен елемент за ЕУ перспективата на регионот

Позитивен исход од дијалогот меѓу Србија и Косово е клучен елемент на идната европска перспектива на целиот регионот, затоа е важно да се работи на ова, и се надевам дека по изборите работите ќе бидат појасно, и со новиот европски персонал треба да влеземе во финалната фаза на преговорите, навести комесарот Хан.
Тој сепак истакна дека до тогаш е важно и двете страни да направат отстапки за да се деблокираат преговорите.
-Она што е клучно е Косово да ги отстрани царините, тие се спротивни на духот на ЕУ, ЕУ е заеднички пазар, без царини, ова мора да се направи, но Србија треба да се воздржи од иницијативи низ светот за отповикување на признавањето на независноста на Косово, двете страни треба да направат чекор и тогаш ќе можеме да најдеме решение, не е невозможно, додаде Хан пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Хелсинки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
-

Филков: Брисел го препозна напредокот во правосудството
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
