Хамнеи: Протестите ги потикнуваат непријателите на Иран
Иранскиот врховен верски водач, ајатолахот Али Хамнеи преку пишана порака ги обвини „непријателите на Иран“ за поттикнување на масовните протести.
- Во изминатите денови непријателите на Иран користат разни инструменти - пари, оружје, политика и разузнување, за да создадат проблеми во Исламската Република, обвини ајатолахот Хамнеи, преку соопштение објавено на неговата интернет страница.
Хамнеи најави дека ќе и се обрати на нацијата за протестите кога „ќе дојде вистинскиот момент за тоа“.
Иранскиот претседател Хасан Рохани, пак, изјави дека протестите се помогнати од страна на САД и Израел, кои „не можат да ги поднесат геополитичките успеси на Иран“.
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им изразија поддршка на демонстрантите, додека пак Русија ги повика странските држави да не се мешаат во иранските политички прашања.
Најмалку 21 лице, од кои повеќето демонстранти, беа убиени за време на протестите што почнаа во четвртокот во градот Масшад, додека само во главниот град Техеран се уапсени повеќе од 450 демонстранти.
Како што претходно јави МИА, претседателот на иранскиот Револуционерен суд, Муса Газанфарабади, изјави дека уапсените демонстранти може да се соочат и со смртна казна.
Според Газанфарабади, едно од обвиненијата кои може да бидат поднесени против нив е за „мохарабех“, кривично дело кое означува „објавување војна против Господ“, што во Иран е казниво со смрт.
Газанфарабади додаде дека постојат закони и против учество во протести кои не се одобрени од Министерството за внатрешни работи, и дека демонстрантите може да одговараат и по тој основ.
Ново на Сител
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот