Хамнеи: Ништо од договорот доколку на Иран не му се укинат санкциите
Иранскиот врховен верски водач, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека „нема да има договор“ околу иранската нуклеарна програма доколку светските сили инсистираат на суспензија наместо на дефинитивно укинување на санкциите против Техеран.
- Доколку санкциите бидат суспендирани, тогаш ние ќе ги исполниме своите обврски на теренот на ниво на суспензија, а не на фундаментално ниво, се закани ајатолахот.
Хамнеи за иранската национална телевизија рече дека само суспензија на санкциите за Техеран е „неприфатливо“.
Ова е прв официјален коментар за историскиот договор меѓу Иран и Западот, откога американскиот претседател Барак Обама успеа да обезбеди доволна поддршка за да ги спречи републиканците во Конгресот да го блокираат постигнатиот договор.
Иако ајатолахот во Иран традиционално има конечен збор за сите важни прашања, Хамнеи истакна дека иранскиот парламент ќе го има последниот збор.
- Претставниците на народот се оние кои би требало да одлучат. Немам совет во врска со начинот на разгледување, усвојување или одбивање на нуклеарниот договор, рече ајатолахот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника