-->
-->
Хамилтон сака нов договор со Мерцедес пред летната пауза
-->
Актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон најави денеска дека би сакал да го продолжи договорот со екипата на Мерцедес пред почетокот на летната пауза.
Седумкратниот светски шампион на 8 февруари потпиша едногодишен договор со Мерцедес што истекува на крајот од актуелната сезона во Формула 1.
-Не сакаме да брзаме, но мислам дека мораме да бидеме разумни и да започнеме разговори. Тоа се официјални разговори и се надевам дека наскоро ќе ги започнеме, сè додека тоа не ја попречува работата која ја работиме, изјави Хамилтон.
Британскиот возач вчера победи на трката за Големата награда на Шпанија и стигна до третиот триумф во четвртата трка во новата сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?