Хамас се заканува дека ќе ги погуби заробените Израелци поради нападот врз Газа
Хамас соопшти дека ќе погубува по еден израелски затвореник за секоја нова цивилна куќа што ќе биде бомбардирана без предупредување, пренесува новинската агенција Ројтерс.
Абу Обаида, портпарол на групата, рече дека тие дејствувале во согласност со исламските упатства со тоа што ги чувале израелските затвореници сигурни и здрави, пренесува Ројтерс.
„На секое таргетирање на невини цивили без предупредување, за жал, ќе биде одговорено со егзекуција на еден од затворениците во нашиот притвор и ние ќе бидеме принудени да ја емитуваме оваа егзекуција“, рече тој.
Израелската армија најавува дека ќе изврши еден од најголемите воздушни напади досега врз Хамас во опколениот Појас Газа.
Израелските медиуми, исто така, објавија дека Израел погодил 1.000 цели во Газа, додавајќи дека армијата најавила дека ќе продолжи со воздушните напади врз Газа, дури и по цена да им наштети на израелските затвореници во енклавата.
Израелскиот премиер најави и дека ќе следува копнен напад и влегување во Појасот Газа на израелската војска.
Ново на Сител
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска