Хамас: Нападот во Катар не ги менува нашите услови за завршување на војната во Газа
Палестинското милитантно движење Хамас денеска објави дека израелскиот напад од вторникот во кој беа ракетирани неговите лидери во Доха, нема да ги промени условите на групата за завршување на војната во Газа.
Претставникот на Хамас, Фавзи Бархум, во телевизиско обраќање рече дека нападот бил насочен кон нивната преговарачка делегација додека тие разговарале за предлогот на американскиот претседател за прекин на огнот.
Израелските одбранбени сили и безбедносната служба Шин Бет објавија во вторникот, веднаш по експлозиите во главниот град на Катар, дека биле извршени воздушни напади врз раководството на палестинската милитантна група Хамас.
„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер кој за „Канал 12“ рече дека американскиот претседател Доналд Трамп дал зелено светло за израелски напад во Катар.
Трамп, меѓутоа, изјави дека одлуката на Израел да го нападне Катар е донесена исклучиво од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Катар објави дека предупредувањето на САД за израелски напад врз Доха дошло откако експлозиите веќе одекнале во главниот град.
Израелските извештаи велат дека меѓу лидерите на Хамас на состанокот во Доха кои биле цел на Израел биле долгогодишниот лидер на Хамас, Халед Машал, и Халил ел Хаја за кои се вели дека се „директно одговорни“ за нападот врз јужен Израел во октомври 2023 година.
МИА
Ново на Сител
-
Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
-
Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
-
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија
-
Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар
-
Сончево со мала облачност и ветер
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
-
Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево