Хамас на палестинската управа ја отстапи контролата на граничните премини на Појасот Газа
Исламистичката група Хамас почна да ја предава контролата врз граничните премини на Појасот Газа со Израел и Египет на палестинската автономна власт согласно договорот за прекин на расколот меѓу двете главни палестински движења.
Од палестинската автономна власт се распоредија на пунктовите „Ерец" и „Шалом" на израелската граница и „Рафах" на египетската, а нивните колеги од Хамас ја собраа својата опрема и заминаа со камиони.
На „Рафах" се вејат палестинско и египетско знаме заедно со огромни портрети на палестинскиот претседател Махмуд Абас и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.
Назми Мухана, одговорен за граничните премини во рамки на палестинската автономна власт и неговиот колега од Хамас потпишаа спогодба за префрлање на одговорноста за граничната контрола, која се смета за тест дали ќе издржи палестинскиот договор, склучен минатиот месец под покровителство на Египет.
Палестинската автономна власт, која е меѓународно призната, треба до 1 декември да ја преземе целосната контрола над Газа.
Хамас ја презеде власта на оваа територија во јуни 2007 година, откако се судри со својот политички противник, Фатах.
Ново на Сител
-
Кејн надвор од терените
-
Познати сите учесници на Светското клупско првенство 2025
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
РКЕ ќе соопшти дали и за колку би поскапела струјата од 1 јануари
-
Приватните превозници се враќаат на скопските улици
-
Во сообраќајна несреќа во Будва загина македонска државјанка
-
Бајден го помилува својот син Хантер
-
Во Белград тридневен прекин на работата на адвокатите поради измена на Кривичниот законик