Халиловиќ: Војна провоцираат тие кои сакаат референдум
Генералот и поранешен началник на воениот штаб на Армијата на БиХ, Сефер Халиловиќ изјави дека војна провоцираат тие кои инсистираат на референдум. Изјавата за ТВ Н1 ја даде по острите реакции на српски официјални лица на неговата закана дека нема да ја има РС ако се одржи референдум.
– Никој разумен не сака судир. Но, не може човек да дозволи нацисти да бидат наградени со 50 отсто територија на БиХ, изјави синоќа Халиловиќ, пренесе Танјуг.
Според него, „војната ја провоцираат тие кои не почитуваат одлука на Уставен суд“.
- Војна провоцираат оние кои не почитуваат ни држава ни никого. Очигледно на тој начин свртуваат внимание од својот криминал на воени теми, нагласи Халиловиќ за ТВ Н1.
Тој доаде дека е последниот човек кој бара војна и дека неговата изјава треба да се разбере како предупредување. Халиловиќ упати навреди на сметка на српскиот премиер и министер за надворешни работи за кои рече дека се „последните луѓе кои треба да се слушаат кога се зборува за регионална стабилност и мир“.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец