Loading Video...
Тенис
6. July 2022 - 16:03

Халеп и Рибакина го комплетираа вториот пар за полуфиналето на Вимблдон

Симона Халеп и Елена Рибакина ја комплетираа втората полуфинална двојка кај дамите на Гренд-слемот Вимблдон
 
Во четвртфиналната рунда, 16 носителка, Романката, Халеп во два сета 6-2 и 6-4 ја победи Американката, Аманда Анисимова, додека 17-носителка Рибакина од Казахстан одигра три сета во дуелот со Ајла Томљановиќ од Австралија (4-6, 6-2 и 6-3)
 
Потсетување дека првата полуфинална двојка кај дамите вчера ја формираа (3) Онс Џабер од Тунис и 34-годишната Германка, Татјана Марија.
 
Првиот полуфинален пар кај мажите го формираа вчера го формираа, бранителот на трофејот и прв фаворит Новак Ѓоковиќ и домашниот тенисер, Британецот, Камерон Нори кој е 9-то рангиран на овој турнир. 
 
Кој ќе игра во второто машко полуфинале ќе дознаеме по дуелите кои се во тек, а во кои се среќаваат (2-носител) Шпанецот, Рафаел Надал и - Американецот, Тејлор Фриц (11), односно Австралиецот, Ник Киргијос и Чилеанецот, Крисијан Гарин 
 
Машките полуфинални мечеви на програмата се во петок, а утре ќе играат дамите.