Хакирана фан страната на Централен регистар на Фејсбук
Централниот регистар на Република Македонија денеска соопшти дека нивната фан страна на социјалната мрежа Фејсбук е хакирана и замолува содржините кои ќе бидат објавувани од таа страна граѓаните да ги игнорираат, бидејќи како што велат, не се нивен став.
Во своето соопштение посочуваат дека во моментот се работи на нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени.
-Фан страната на Фејсбук е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие, се наведува во соопштение на Централниот регистар.
Овој случај, како што велат, ќе биде пријавен до Секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваат апел истражните органи да го испитаат.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
-
Скопјанец добил пари на рулет, па го искршил истиот, по што обезбедувањето на казиното физички го нападнало
-
Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани во релативно тешка состојба
-
Загина мотоциклист откако излетал од патот
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење