Хакери со месеци незабележено пристапувале до податоците на британската Изборна комисија
Хакери цели 15 месеци, во 2021 и минатата година, незабележано пристапувале до избирачките списоци во Велика Британија, соопшти денеска Изборната комисија, додавајќи дека станува збор за „комплексен кибер напад“.
„Непријателските актери“ можеа да пристапат до деталите за името и адресата на секој во Обединетото Кралство што се пријавил за гласање во периодот од 2014 до 2022 година, како и до имињата на оние кои се регистрирани како гласачи во странство, се наведува во соопштението на Комисијата, пренесува Блумберг.
Комисијата признава дека хакерите првпат пристапиле до системите на Изборната комисија во август 2021 година, но дека кибер нападот бил откриен дури во октомври 2022 година.
Комисијата нагласува дека не постои „висок ризик“ за поединците до чии податоци пристапиле хакерите.
„Нападот немаше никакво влијание врз изборниот процес“, се наведува во соопштението и се додава дека се уште не се знае кој е одговорен за нападот.
Британската изборна комисија истовремено потврди дека и нејзиниот систем за е-пошта бил хакиран. Извршниот директор на Изборната комисија, Шон Мекнали, во изјава рече дека Комисијата сè уште не е во позиција да знае до кои податоци пристапиле хакерите. Тој додаде дека секој кој бил во контакт со Комисијата или се регистрирал да гласа во периодот од 2014 до 2022 година „треба да внимава на неовластена употреба или откривање на лични информации“.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени