-->
-->
Хаг: Одбиено барањето на Младиќ за одложување на изрекувањето пресуда
-->
Судскиот совет на Хашкиот трибунал го одби барањето на одбраната на Ратко Младиќ за одложување на изрекувањето на пресудата закажана за 22 ноември.
Адвокатите на Младиќ побараа одложување на пресудата со цел тој, чие здравје е влошено, да биде испитуван од српски лекари.
Судиите во одлуката наведоа дека извештаите на независните медицински експерти и персоналот во единицата за притвор на Трибуналот „покажуваат дека здравјето на обвинетиот останува стабилно".
Младиќ е обвинет како командант на Армијата на РС за злосторства против муслиманите и Хрватите во БиХ од 1992 до 1995 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судиите ретко одлучуваат за условен отпуст
-
Наместо да заврши, жетвата на ориз не е ниту на почеток
-
Неистражени средновековни тврдини
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК вечерва ќе ги објави првичните неофицијални резултати од првиот круг од локалните избори
-
ВРЕДИ прашува каде е Ахмети
-
Тема на денот: Анализа на изборните резултати
-
Оценка на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за првиот круг од локалните избори во Македонија