Хаѕидакис: Од грчкото МНР протекува информацијата дека 50-50 се шансите за решение
Пола-пола се шансите за решение на прашањето со името според информациите што протекуваат од грчкото МНР, вели потпретседателот на грчката партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио фм“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис коментира дека „работите не се едноставни“ во преговорите за името.
- Од самото Министерство за надворешни работи протекува дека шансите веќе се 50-50, додека пак до неодамна министерот беше хипер-сигурен дека ќе донесе одлично решение. Ние јасно имаме кажано, особено по последните изјави од страна на ПЈРМ, дека решението за Скопјаните нема да е ерга омнес, дека веќе се поставува едно суштинско прашање во врска со преговорите, рекол Хаѕидакис, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Ново на Сител
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО
-
Паркови и зеленило со предупредување: Не паркирајте под дрвја, најавено е невреме
-
МНР на БиХ денеска му го поништи дипломатскиот пасош на Додик
-
Пожар во барака на ЦУК во Куманово
-
Кривична за 18-годишен скопјанец осомничен за „убиство во обид“