-->
-->
Хади: Војната против бунтовниците Хути има за цел да ја спречи иранската експанзија
-->
Јеменскиот претседател во егзил Абд Рабо Мансир Хади изјави дека неговите сили војуваат против шиитските бунтовници Хути за да ја спречат иранската експанзија во регионот.
Хади ова го изјави вчера за време на кусата посета од неколку часа на Судан, кој донеодамна беше сметан за близок до Иран, но во септември го затвори иранскиот културен центар, а во март се приклучи кон коалциијата против Хутите, кои се поддржани од Иран.
Коалицијата е предводена од Саудиска Арабија, каде живее Хади од март, кога беше протеран од бунтовниците.
- Ние водиме војна која има цел да ја спречи иранската експанзија во регионот. Таа ги опфати Ирак, Сирија, Либан, рече Хади на прес-конференција со суданскиот претседател Омар ал Башир
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце