Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
![]()
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека на неговиот тим му требаат нови играчи за време на јануарскиот преоден рок поради бројните повреди во тимот.
„Граѓаните“ се шести во табелата во Премиер лигата, со 12 бода помалку од лидерот Ливерпул, кој има и натпревар помалку, а нивните надежи за петта последователна титула изгледаат целосно илузорни. Тие ќе останат без освојувачот на „Златната топка“ Родри до крајот на сезоната, а Џон Стоунс и Рубен Дијаз, исто така, трајно ќе бидат надвор од терените. Бекот Кајл Вокер веќе најави желба да си замине.
Медиумите во Англија засега како ново засилување го разгледуваат само Узбекистанецот Абдукодир Кусанов, кој игра во одбраната на францускиот клуб Ленс.
-Клубот се уште нема објавено никакви трансфери, па ни јас не можам да кажам ништо. Нема шанси Родри да се врати во акција пред крајот на сезоната, но сакам другите да бидат достапни што е можно поскоро. Доколку ги немавме овие повреди, немаше да бидеме на позицијата во која сме сега. Не се работи само за Родри, туку за проблемите што ги имаме со целата одбрана. Затоа во клубот мислиме дека трансферите се императив“, изјави Гвардиола пред првенствениот натпревар на гости кај Брентфорд.
Шпанецот ги отфрли прашањата за Вокер, велејќи само дека десниот бек и понатаму е играч на клубот.
-По тренингот попладнево ќе одлучиме дали тој ќе биде во групата за натпреварот. Моментално мислите ми се насочени само кон Брентфорд и фактот дека утре имаме неверојатно тежок натпревар, додаде менаџерот на Манчестер Сити.
Брентфорд се наоѓа на 11. место во табелата во Премиер лигата, со седум бода помалку од шампионот.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
