Гвардиола: Биелса е уникатен, еден од најдобрите во светот
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола оцени дека Марсело Биелса е на врвот на листата на најдобри тренери во светот.
Биелса го предводеше Лидс оваа сезона се до неговото враќање во Премиер лигата и титулата во Чемпионшип дивизијата.
– Тој заврши исклучителна работа. Тој е единствен во светот на фудбалот заради посебниот начин на кој игра. Научив многу за неговиот стил, за неговиот краен производ. Тој е неверојатен човек, посебен, рече Гвардиола, објави Би-Би-Си.
Биелса беше тренер на Аргентина и Чиле, а работел и во Атлетик Билбао, Марсеј, Лацио и Лил пред да ги преземе Лидс во 2018 година.
– Присуството на Биелса во Премиер лигата следната сезона ќе биде неверојатно за англискиот фудбал. Освојувањето на титулата ви помага да имате работа и следната сезона, но на крајот, она што се сеќавате не се титули што сте ги освоиле, туку спомени и дали тренерот ве научил многу, посочува Каталонецот.
Кога ќе заврши лигата, Сити го чека натпреварот во Лигата на шампионите и реванш натпреварот од осминафиналето против Реал Мадрид, на 7 август. Во првиот натпревар во Мадрид, англискиот тим победи со 2:1.
– Кога освојувате многу трофеи, имате потешкотии, но јас сум многу возбуден поради овие две недели пред нас, а исто така и за следната сезона. Моментот кога ја губам оваа страст и возбуда да бркам победи, тоа ќе биде проблем, изјави Гвардиола.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
