Гувернерката и министерката за финансии ќе ја продолжат соработката воспоставена на високо ниво
Успешната соработка меѓу Народната банка и Министерството за финансии е клучна за донесувањето и спроведувањето на дел од политиките со кои се поттикнува економскиот развој на земјата. Со заеднички заложби, очекуваме дека соработката и комуникацијата меѓу двете институции и натаму ќе се остварува на веќе воспоставеното исклучително високо ниво, со максимална посветеност на заедничките приоритети за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, како и за поттикнување на развојот на нашиот финансиски систем.
Ова, како што соопшти Народната банка, е нагласeно на денешната средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со министерката за финансии, Нина Ангеловска.
На средбата во Народната банка, гувернерката и вицегувернерите ѝ го честитаа стапувањето на функцијата на министерката Ангеловска, при што беше истакнато дека е од голема важност да се продолжи со добрата координираност на монетарната и фискалната политика, бидејќи таа е и еден од предусловите за стабилна и просперитетна економија.
Тимовите на двете институции и натаму интензивно ќе работат на задржување на макроекономската и финансиската стабилност и нa целосно остварување на повеќе започнати, заеднички проекти, како и на сето она што треба заеднички да го остварат во рамки на тековните институционални активности. Истовремено, како што е посочено од соговорниците, заеднички активно ќе се работи и на поттикнување и поддржување што поголема финансиска инклузија. Сето ова на среден и долг рок треба да придонесе за поповолен амбиент за економски раст чии придобивки ќе ги почувствуваат сите.
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука