Гутереш загрижен поради растечкото насилство врз новинарите

Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш синоќа апелираше владите да гарантираат дека напаѓачите на новинари ќе бидат откриени и казнети.
Портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик изјави дека генералниот секретар на ОН е вознемирен поради бруталното убиство на бугарската новинарка Викторија Маринова.
- Забележан е голем пораст на насилството, вклучително и сексуално, што посебно е насочено кон новинарките, изјави Дижарик.
Маринова (30) беше брутално претепана, силувана и задавена во саботата во Русе, северна Бугарија, а нејзиното тело беше пронајдено во парк во близина на реката Дунав. Таа беше новинарка и уредничка на буграската телевизија ТВН и известуваше за истрагата за наводната корупција поврзана со фондовите од Европска унија.
Дижарик додаде дека Гутереп „внимателно“ го следи и случајот со новинарот Џамал Кашоги, кој на 2 октомври го посети Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул за да добие документи за да може да се венча. Според саудиски претставници, новинарот, соработник на „Вашингтон пост“ ја напуштил зградата, но според турските власти не.
Турската полиција вчера соопшти дека постои сомневање дека 59-годишниот Кашоги најверојатно е убиен во Конзулатот и оти неговото тело е изнесено од зградата, но таквите тврдења не се поткрепени со докази.
И претседателката на Генералното собрание на ОН, Марија Еспиноса Гарсес изјави дека е „многу загрижена“ поради исчезнувањето на Кашоги и го осуди убиството на Маринова.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
