Гутереш и натаму прв по третиот круг гласање во СБ за нов генерален секретар на ОН

Во Советот за безбедност на Обединетите нации, синоќа заврши третата рунда од неформалното гласање за нов генерален секретар на Светската организација, а според неофицијалните информации, поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш и натаму е во водство, пред шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, и поранешниот српски министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ.
Според информациите, за Гутереш имало 11 позитивни, три негативни и еден неопределен глас, за Лајчак девет позитивни, пет негативни и еден неопределен глас, додека за Јеремиќ седум позитивни, пет негативни и три неопределени гласа, пренесува Танјуг.
Британските медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломати, наведуваат дека бугарската политичарка и генерален директор на Организацијата за образование, наука и култура на ОН (Унеско) Ирина Бокова добила ист број гласови како Јеремиќ.
По нив следат аргентинската министерка за надворешни работи Сузана Малкора, македонскиот кандидат Срѓан Керим и поранешната премиерка на Нов Зеланд Хелен Кларк.
Последните три места, меѓу вкупно 10-те кандидати, ги делат поранешниот словенечки претседател Данило Тирк, некогашната министерка за надворешни работи на Молдавија, Наталија Герман, и шефицата на ОН за прашањата на климата Кристина Фигерес од Костарика.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
