Гутереш: Целосно нефункционален е системот на ЕУ за азиланти
Системот на Европската унија за азиланти е целосно нефункционален, изјави високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутереш.Тој ја повика Унијата подобро да го коориднира одговорот на приливот на илјадници бегалци кои бегаат од судири на Блискиот исток и од Африка.
Гутереш по состанокот со францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев во Женева рече дека одговорот на ЕУ може да вклучува воспоставување центар за регистрирање на мигрантите во државите во кои пристигнуваат голем број од тие луѓе.
- Такви центри би можеле да разграничуваат бегалци од други луѓе на кои не им е потребна заштита, изјави шефот на УНХЦР алудирајќи на економските мигранти.
- Европскиот систем за азилнати е моментно целосно дисфункционален, изјави Гутереш додавајќи дека секоја држава мора да ги направи својот дел од работата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош