Гутереш бара поголема флексибилност при управувањето со ОН
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара поголема флексибилност при управувањето со Светската организација.
Гутереш повика ОН да има годишен, а не двегодишен буџет, како што е во моментов.
- Неопходно е да се поедностави планирањето на буџетот, рече тој на состанок посветен на проектите за реформа на Светската организација и нивното финансиско влијание.
Гутереш побара поголеми овластувања за да може да прераспредели до 20 проценти од средствата во стратешките области, како што се мирот и безбедноста, развојот и администрирањето на ОН.
Буџетот за функционирањето на ОН е 5,4 милијарди долари, а за мировните операции 7,3 милијарди долари.
Некои земји се скептични во врска со предлозите на Гутереш, додека Русија е сосема против менувањето на годишниот буџет. Според критичарите, поголема флексибилност би значела помала контрола.
Генералното собрание на ОН до крајот на годинава треба да го добри буџетот на Организацијата за 2018-2019 година. Ако бидат усвоени реформите кои ги предлага Гутереш, тие ќе влезат во сила од 2020 година.
Ново на Сител
-
Маслеников: Русија нема намера да напаѓа земји членки на НАТО
-
На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36
-
Јужнокорејско разузнавање: Околу 300 севернокорејски војници загинале во борбите против Украина
-
Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово
-
НИС: Трамп ќе бара средба со Ким за да постигне „мал договор“
-
Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
-
Седници на три собраниски комисии
-
Милановиќ во победничкиот говор: Ова е признание за мене и мојата работа, но и порака до власта