-->
-->
Гут со две победи во Вал д'Изер
-->

Швајцарката Лара Гут ја забележа втората победа во Вал д`Изер, откако во петокот победи во суперкомбинција, таа во саботата триумфираше во спуст трката.
Гут до третата победа оваа сезона, вкупно 15-та во кариерата во Светскиот куп, стигна со време од 1:44.51 минути. Двојниот швајцарски триумф го комплетираше Фабијен Зутер, која од сонарочката имаше послабо време за 16 стотинки, додека на третата позиција се пласираше Канаѓанката Лариса Јуркив.
Американката Линдзи Вон, која победи на првите две трки во спуст одржани оваа сезона, не успеа да стигне до целта.
Вон и понатаму е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп, но сега има само два бода повеќе од Гут.
Светскиот куп во алпско скијање, во женска конкуренција, продолжува в недела со трката во велеслалом која ќе се вози во Куршевел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
