Гугл ќе плаќа надомест за медиумите во Италија
Гугл соопшти дека потпишал серија договори за лиценца со италијанските медиуми, со што се отвора патот за плаќање надоместоци за издавачите, согласно законот утврден со европска директива од пред две години,а што е слична на авторските права.
Овие договори ќе им овозможат на италијанските издавачи пристап до „Гугл Њуз Шоукејс“ (Google News Showcase), новата програма на Гугл што беше промовирана минатата година, со која на медиумите им се плаќа збогатен избор на содржини.
„Потпишани одделно, овие договори претставуваат важна пресвртница во односот на Гугл со италијанските издавачи, плаќајќи им на издавачите како дел од „Гугл Њуз Шоукејс““, се наведува во соопштението на компанијата.
„Гугл Њуз Шоукејс“ следните месеци ќе биде достапна во Италија“, допрецизира Гугл во соопштението.
-Овие договори претставуваат важен чекор и потврда на посветеноста на Гугл кон италијанските издавачи, изјави Фабио Вакароно, извршен директор на италијанската подружница на Гугл.
Меѓу потписниците на договорот се „RCS MediaGroup“, „Il Sole 24 Ore“, Групацијата „Monrif“, „Caltagirone Editore“, „Il Fatto Quotidiano“, „Libero“, „Il Foglio“, „Il Giornale“, „Il Tempo“, „Ciaopeople“,„ Edinet“, Групацијата „Corriere“, „Citynews“ и „Varese Web“.
-Плаќањето информации, вклучувајќи ги и правата поврзани со дистрибуција на дигитални содржини, се главните теми за кои се бори нашата издавачка група, коментира Џузепе Цербоне, раководител на водечкиот економски весник „Ил Соле 24 Оре“.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро