Гуаидо: Ако режимот не киднапира, тоа ќе им биде последно

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо изјави дека денеска ќе се врати во Венецуела и ќе го предводи протестот против претседателот Николас Мадуро, поради што ризикува да биде уапсен од властите во Каракас, бидејќи минатата недела ја прекршил забраната за напуштање на земјата.
– Ако режимот се обиде да не киднапира, тоа ќе им биде последна грешка која ја направиле, порача Гуаидо, не откривајќи ја локацијата од која се обраќа.
Тој претходно преку Твитер ги повика граѓаните на Венецуела денеска во 11 часот по локално време да излезат на протестите, а неговото враќање во земјата го нарече „историски предизвик“.
Гуаидо, исто така, напиша дека граѓаните треба да ги следат неговите официјални соопштенија во кои ќе објави детали за состаноците со поддржувачите.
Тој во саботата престојуваше во Еквадор, како дел од турнејата низ Јужна Америка, настојувајќи да го зголеми притисокот врз претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да поднесе оставка.
Според Гуаидо, Мадуро мора да замине од власт за да може Венецуела да се опорави од политичката и хуманитарната криза, но од друга страна, Мадуро вели дека Гуаидо е дел од заговорот против неговата Влада.
Ново на Сител
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
