Грушко: Русија во целост ја прекина соработката со НАТО

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко денеска изјави дека Русија и НАТО во целост ја прекинаа цивилната и воената соработка.
Тој додаде дека Алијансата отишла премногу далеку во ескалацијата на судирот со Русија.
НАТО сам одби конструктивен разговор со Русија. Тој не постои. Засега нема сигнал дека НАТО гледа излез од овој ќор-сокак, посочи Грушко.
Тој наведе дека е парадоксално што денес односот помеѓу Русија и НАТО најмногу потсетува на времето во кое е формирана Северноатлантската алијанса, во пресрет на Студената војна.
– Повторно падна прашина на Армеловата доктрина: дијалог и воздржување. Само во таа формула има многу воздржување и малку дијалог, наведе Грушко.
Тој посочи дека вкупните воени расходи на земјите членки на НАТО за минатата година надминаа еден билион долари, што е за 22 пати повеќе од руските трошоци за одбрана.
Москва нема намера да учествува во трката за зголемување на воениот буџет со НАТО, истакна рускиот заменик министер.
Армеловата доктрина е од 1967 година и предвидуваше јака одбрана и добри дипломатски односи со земјите од Варшавскиот пакт. Таа помогна за намалување на тензиите помеѓу Истокот и Западот на почетокот на 70-тите години.
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
