Групата која криумчарела мигранти ја предводел 33-годишен велешанец
По спроведена полициска операција под раководство на јавен обвинител од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделот за специјални и посебни операции на СВР Скопје и СВР Струмица, сузбиена е организирана криминална група која криумчарела мигранти.
Како што информираат од ЈО криминалната група функционирала под строга хиерархиска поставеност ја предводел триесет и три годишен велешанец.
-Велешанецот заедно со две лица кои потекнуваат од земјите од Блискиот Исток организирале криминална група во нашата држава и организирале криумчарење на мигранти. Мигрантите по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот Исток илегално биле префрлани од Р.Грција на територијата на Р.С.Македонија. При криумчарењето користеле илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија, Струмица и Демир Капија, а оттаму со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано жртвите ги носеле на претходно утврдени и договорени локации. Организаторот и членовите на криминалната група го договарале преземање на мигрантите од овие локации и со патнички и товарни моторни возила ги превезувале до локации во Кумановско-липковскиот регион каде мигрантите биле прифаќани и времено сместувани и засолнувани. Понатаму мигрантите биле криумчарени преку територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ, стои во соопштението.
Се додава дека паричните средства за транспорт на мигрантите од 500 до 700 евра по лице, биле исплаќани преку агенти за брз трансфер на пари или во готовина.
Во текот на денешниот ден биле извршени претреси во објекти на 11 локации на подрачјето на Велес, Скопје, Штип, Струмица и Валандово при што од слобода биле лишени шест лица.
-Се преземаат мерки за приведување на уште три лица. Четири члена на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“. Надлежниот обвинител од Осноното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по добивањето на кривичната пријава, во текот на денешниот ден, согласно своите надлежности до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерка притвор за осомничените, информираат од ЈО.
Ново на Сител
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
-

Напади врз полиција и апсења во Германија за време на дочекот на 2026 година
-

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, двегодишно дете со повреди од огнено оружје
-

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава
-

АМСМ: Сообраќајот кон ГП Ќафасан е се уште во прекин во двата правци
-

Град Скопје ќе гради прва катна гаража во Клиничкиот центар до втората половина на 2026 година
-

Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви
