Групација „Триглав“: Раст на премијата на осигурувањето на пазарот во Македонија
Осигурителната групација „Триглав“ денеска соопшти дека во првите девет месеци од оваа година во споредба со минатата година е остварен пораст од четири проценти на бруто полисираната премија од осигурување, што изнесува 718,3 милиони евра.
- Групацијата Триглав, која и во 2015 година се фокусираше на основната дејност – осигурување, првите девет месеци од оваа година ги заврши со добивка пред оданочување од 94,9 милиони евра, што е за шест проценти повеќе од истиот период минатата година. Подобрен е и комбинираниот количник, кој изнесува 91,7 проценти, се вели во соопштението.
Триглав Осигурување Скопје, како дел од Групацијата Триглав, заклучно со третиот квартал од 2015 година, според соопштението, обезбеди бруто полисирана премија од 1.021.366.071 денари, што претставува раст од 14,4 проценти, споредено со истиот период минатата година.
Во Словенија Заваровалница Триглав во однос на првите девет месеци од минатата година е обезбедена приближно иста бруто полисирана премијата од осигурување (463,2 милиони евра).
- Премијата на Триглав Здравствена Заваровалница е повисока за процент. Во останатите пет држави од Адриа регионот, во кои работи Групацијата Триглав, сите зависни осигурителни друштва ја зголемија премијата во споредба со истиот период лани. Најголем пораст на премијата од осигурување и тоа од 30 проценти е реализиран на српскиот пазар, додека пак во Македонија премијата е повисока за 14,4 проценти, во Црна Гора за девет проценти и во Хрватска за седум проценти. На пазарот на Босна и Херцеговина, сараевското осигурително друштво оствари раст на премијата од девет проценти, а друштвото од Бања Лука за осум проценти, соопшти Групацијата Триглав.
Ново на Сител
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД