Балкан
27. October 2017 - 11:33

Група од 110 илегални мигранти приведени во близина на Едрене

Турските власти во реонот на Едрене проиведоа група од околу 110 мигранти, при обид илегално да ја преминат границата кон Бугарија и Грција.

Групата била откриена од припадници на жандармеријата, кои се задолжени за обезбедувањето на границите.

Мигрантите се откриени крај селата Орхание и Сарајакпинар кај турско-бугарската граница и Ипсала на границата со Грција.

Мигрантите се од различни земји, па освен Палестинци, во групата имало и државјани на  Авганистан, Пакистан, Сирија, Ирак, Иран и Парагвај.

Сите биле предадени на миграциските власти во Едрене.