Груевски: Заев ја става целата држава во залог, не постојат пречки за избори на 24 април
Услови за одржување избори на 24 април постојат, истакна премиерот Никола Груевски после вечерашните преговори во резиденцијата на ЕУ во Пржино, кои завршија без согласност од сите партии за договорениот датум во април за одржување избори. Опозициската СДСМ застана против датумот 24 април како ден за предвремени парламентарни избори во Македонија.
Премиерот Груевски рече дека трите партии (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА) денеска постигнале договор за одржување на избори и, како што нагласи: Единствено еден човек, кој се вика Зоран, а презиме Заев, не сакаше да има избори.
– Тој единствено што бараше е одложување на изборите. Денеска не се говореше за никаква методологија за прочистување на избирачкиот список, ниту за медиумите. Единствено за одложување на терминот за избори. Тој знае дека прочистувањето на избирачкиот список може да се направи за многу кратко. Зоран Заев знае дека само во криза тој е актуелен. Кога нема криза не е актуелен – истакна Груевски.
Премиерот беше категоричен дека можат да се одржат избори на 24 април.
– Дека се можни избори на 24 април потврди и комесарот Хан и Европската унија и ОБСЕ и ОДИХР. За понатамошните чекори дополнително ќе информираме откако ќе направиме консултација – рече Груевски.
На новинарско прашање дали оставката сè уште важи, тој рече дека таа е депoнирана и дека ќе биде активна на 100 дена пред изборите.
ВИДЕО: Инфомакс
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија