-->
-->
Груевски: Време е да се исполни обврската за избори на 24 април
-->

Откако ВМРО-ДПМНЕ ги исполни сите обврски од договорот од Пржино, Груевски вели дека сега е време да се исполни обврската за избори на 24 април.
-Ние направивме многу компромиси. Дури бевме и критикувани дека премногу сме биле компромисни и премногу сме попуштиле. Ние тоа го правевме свесно и за доброто на државата. СДСМ доби двајца министри со ресор и три дополнителни заменици министри. Нашата обврска беше исполнета во целост. Се одбра специјален обвинител со целосни услови за непречено да работи. Нашата обврска беше исполнета во целост. Беше одбран составот на Државната изборна комисија каде опозицијата има своја доминација и секретар и претседател од своите редови. Нашата обврска беше целосно исполнета. Изборниот закон беше променет согласно барањата на опозицијата, а со посредство на меѓународната заедница. Нашата обврска беше исполнета, рече премиерот.
Груевски потенцира дека изборите треба да се закажат за 24ти април и дека сега е време да се исполни оваа обврска.
-За жал неодамнешните изјави од страна на СДСМ фрлаат сенка врз овој дел од договорот. Ова е јасна замка за да се држи нашата земја во заложништво, да се држи во криза, конфликтност и да се оспори правото на народот да ги одбира луѓето кои мисли дека треба да ја предводат државата. Јас сум против ова кочење и против ваквото држење во заложништво на целата држава, додаде тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
