Груевски во посета на фабриката „Текспорт“ во Виница
Новиот објект на фабриката на австриската компанија „Текспорт“ во Виница, во која работат 130 лица, денеска го посети премиерот Никола Груевски.
Тој изрази задоволство што покрај оваа фабрика, која е изградена во индустриската зона во Виница, се градат и нови капацитети, а особено го потенцира, како што рече, сериозното намалување на невработеноста во овој град. Во разговор со раководството на компанијата тој рече дека бил информиран дека се потешко доаѓаат до нови работници.
Фабриката „Текспорт“, покрај овој нов новоизграден објект и пуштен во употреба во август годинава во Виница има и погон во Кочани, а произведува хтз опрема која е наменета за европскиот пазар, како и за пазарите во Бразил и Саудиска Арабија.
Премиерот Груевски посетата на општина Виница ја заокружи со средба со жители во село Јакимово.
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?