Груевски во интервју за ФАЦ: Не се враќам во политиката, правда ќе барам во Стразбур
Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се надева на правда, по обвинувањата со кои се соочи во поранешната татковина, но неа планира да ја бара во Стразбур, пред Европскиот суд на правдата, а не пред македонските судови. Со политика веќе нема намера да се занимава, вели Груевски во интервјуто за неделното издание на Франкгфуртер алгемајне цајтунг, негово прво за западен медиум по заминувањето од власт, а кое го пренесува Дојче Веле.
Груевски објаснува дека повеќе не ја следи меѓународната политика толку многу. За време на едноипол годишниот престој во Будимпешта, научил и малку унгарски, но со премиерот Виктор Орбан се сретнал само еднаш.
Уште додека бил пратеник, тврди Груевски во ФАЦ, преку посредници му било нудено да гласа за Преспанскиот договор во замена за ослободување од кривичен прогон или намалување на казната. Тие посредници му биле директно испраќани од ексшефицата на СЈО Катица Јанева и од тогашниот премиер.
Кога новинарот на ФАЦ, Михаел Мартенс, откако избега Груевски, разговарал со него во хотел во центарот на Будимпешта, тој објаснил дека побегнал од земјата поради страв за сопствениот живот. ФАЦ пишува дека таквиот страв е логичен затоа што двајца други поранешни министри од владата на Груевски биле нападнати од „Албанци“ додека биле во затвор.
Ново на Сител
-

Четиринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров
-

Претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата
-

Следува променливо време, со снег на планините
-

Мицкоски од плоштадот Македонија во Скопје: Заедно со нашиот народ да ја дочекаме Новата година!
-

Женско е првото родено бебе во 2026
-

Орбан: Можен договор меѓу САД и Русија без Европа би можел да ја промени геополитичката слика
-

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника
-

Ердоган: Турција нема да толерира провокации и поморски закани во Источен Медитеран
