Груевски: Услови за избори има и избори ќе со одржат
Услови за избори има и избори ќе со одржат, а на нив може да се учествува или да не се учествува, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешната прес-конференција.
Во врска со вчерашните случувања, Груевски истакна дека не е вистина оти медиумите не се регулирани и додаде дека тие се задолжени според Закон еднакво да информираат за секого и нивна обврска е балансирано известување.
-Заплашување на избори нема и не смее да има, доколку има ќе одговара секој. Ќе има посебен одел кој ќе се занимава со ваквите случаи, нема да толерираме такво нешто, рече Груевски и додаде:
Околу мешањето на партијата и државата- тоа го кажува истиот Заев кој го назначи неговиот генерален секретар на партијата за министер за внатрешни работи, истиот Заев кој гледа дека сопругот на министерката за труд и социјална политика се качува скалила нагоре… Заев толку го потценува народот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека опозицијата нема никакви аргументи за бегање од избори.
-Бројките од 300 илјади и 500 илјади се чиста лага. Сакаат да внесат забуна кај гласачите. Какви 500 илјади, зарем некој верува дека тоа е возможно. Покрај сите набљудувачи јас сум убеден дека никој, ниту СДСМ сами не си веруваат во оваа небулоза, рече Груевски.
Гласаа за 24 април, рече Груевски, па правеа да нема избори, исто е и овој пат.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите