Груевски: Со фокус на економијата позитивни резултати и во политичка криза
Рангирањето на Македонија во првите 10 држави во светот и првите пет во Европа според условите за водење бизнис во најновиот извештај на Светската банка Дуинг бизнис, како и последните статистички податоци за растот на индустриското производство, според претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, покажува дека и во услови на политичка криза, со фокус на економијата преку низа мерки и поддршка на стопанството, може да се постигнат позитивни резултати.
Значајно е, смета Груевски, што и во оваа година на политичка криза нема назадување на листата на Светската банка, туку напредок за две позиции. - Од 12-то место сега се пласиравме на 10-то местото, односно во првите десет во светот и во првите пет во Европа. Тоа укажува дека и покрај кризата останавме фокусирани на економијата и отворањето нови работни места за невработените, на мерки со коишто се подобрува економскиот стандард, се помага на компаните кои што треба да отворат нови работни места, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања, по пуштањето во употреба на најсовремен центар за физикална и хидро терапија во ГОБ „8-Ми Септември“.
Според Груевски, растот од 5,4 проценти на индустриското производство за периодот јануари-септември годинава, што го објави Државниот завод за статистика, е одличен податок особено што се случува, како што рече, во време на политичка криза и во време кога нашите политички опоненти, двапати предивикуваа одложување на изборите.
- На овој начин се покажа дека дури и во вакви услови на политичка криза со максимален фокус на економијата можно е да се задржи позитивна економска клима и да се продолжи да се дава поддршка на стопанските субјекти преку различни мерки, интервенции и чекори со коишто се помогна на економијата, на стопанството, да може и во вакви тешки услови да прави позитивни резултати и да има раст на индустриското произвдоство, рече Груевски.
Тој очекува да продолжи намалувањето на невработенсота, како во изминатите квартали од оваа годинава, но и на останатите економски параметри.
- Очекувам тој тренд да продолжи, сега кога веќе е извесно дека ќе има избори, а за мнозинството граѓани велам извесно е и каков ќе биде нивниот исход, мислам дека до крајот на годината ќе продолжи овој тренд. Веќе следната година очекувам поголем раст на економијата, на индустриското производство, поголеми растови на сите други економски параметри коишто мислам дека ќе ја придвижат економијата напред, изјави Груевски.
Ново на Сител
-
72-годишна жена почина во пожар во нејзиниот стан
-
Вреди: Таравари им ги украде мандатите на граѓаните кои гласаа против ДУИ
-
Нема нов папа ни по второто гласање на конклавата
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму
-
Скопјанец доби условна казна затвор за ширење омраза за коментари поврзани со Парадата на гордоста
-
Изминатите два дена 1452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење
-
Дачиќ: Нема потреба за вонредни избори; Брнабиќ: Студентите да му се обратат на Вучиќ
-
ЕУ повика на дијалог меѓу Индија и Пакистан