Груевски: Сериозни инветиции во регионални патишта
Во тек е изградба или реконструкција на 8 регионални патни правци во земјава во дожина од 119 километри. Инвестицијата е околу 41,8 милиони евра. Се планира почеток на уште 16 регионални патни правци во доолжина од 276 километр, во што ќе бидат инвестирани 388 милиони евра.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски при денешната посета и средба со жителите во велешко Башино Село.
Тој додаде дека дел од овие патишта ќе почнат да се градат до крајот на оваа, а дел во следната година.
- Во тек на изградба или рехабилитација се 8 регионални патни правци со должина од 119 км и инвестиција од 41,8 милиони евра. До крај на 2015 и во текот на 2016 година планирани се за изградба и реконструкција 16 нови регионални патни правци во должина од 276 км и проценета инвестиција од околу 388 милиониевра. Идниов период до 2015 ќе отпочнат граджени активности меѓу другите и на Бошков мост - Дебар, Мелнички Мост - Центар Жупа, Лажани-Ропотово-Црнилиште, Делчево-Голак... Ние вложуваме во патната инфраструктура. Преку таквата изградба важно за Велес е реконструкцијата која е во завршна фаза на автопатот Велес-Скопје, а напредно се гради и експресниот пат Велес-Кадрифаково, изјави Груевски.
Премиерот посочи дека се работи на тоа што било ветено и согласно роковите, а некогаш и пред нив. Работите, како што рече, се движат во правец на нивно завршување.
Според него ова е сериозна реконструкција, сериозна градба, сериозна инвестиција и додаде дека се вложуваат огромни износи во градби или реконструкции со проширување на регионалните патишта. Тој додаде дека овој инвестициски циклус ќе трае подолго затоа што е дел од фокусот на Владата.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата