-->
-->
Груевски: Се инвестираат 46 милиони евра за шест регионални патишта
-->

Шест регионални патишта ќе се градат во 2016 година, а инвестицијата изнесува 46 милиони евра. Регионалните патишта се во должина од 85 километри, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
- 46 милиони евра во една година за регионални патишта навистина е сериозна инвестиција. На многу граѓани ќе им биде од голема полза, рече Груевски.
Годинава ќе се градат регионалните патишта Кочани-Делчево, Пробиштип - Пониква, Тораница - Саса, патот меѓу мало и големо Коњарево, патот Извор - Бошков мост (Кичево -Дебар) и приклучокот кон Вевчани.
Груевски потсети дека покрај регионалните патишта, оваа година ќе се работи и на петте експресни патишта и на трите автопатишта, како и на поголемиот број на локални патишта коишто се градат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
