Груевски: СДСМ постојано пласираат невистини затоа што имаат демотивирано членство и знаат дека ќе загубат
СДСМ и нивното раководство се свесни дека ќе загубат и не им преостанува ништо друго туку преку црна кампања, преку шпекулации да го охрабри демотивираното членство, изјави премиерот Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на Сител телевизија.
-Нема еден ден да нема десетици шпекулации на медиуми блиски до СДСМ, контролирани од нив кои пласираат невистини. Тоа го прават зошто се соочуваат со силно демотивирано членство, нивното членство чуствува деќа ќе загубаат. Се обидуваат да им ја вратат надежта пуштајќи дезинформации, дека кај нас се случувало нешто негативно, кај нив позитивно, лажни податоци за мене, за други личности од ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.
Премиерот нагласи дека целта е да создадат немир во редовите на владејачката партија, а да ги охрабрат нивните членови.
-Нас секој начин сами себеси се храбрат, се силат за некако да ги купат овие седум осум месеци со надеж, со верба, да не излезат попарени во кампања, зошто тоа е многу лошо. Апелирам до граѓаните со сериозна доза на резерва да ги читаат овие работи, кои ќе се умножат, ќе има нови дезинформации, да не подлегнуваат, да видат како ќе одговори другиот, рече Груевски.
.be
Ново на Сител
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет