Македонија
29. October 2015 - 13:40

Груевски: СДСМ остави хаос во здравството

СДСМ во здравството остави хаос. Во периодот кога владееше немаше значајни во овој сектор ниту во објекти, ниту опрема ниту во обуки и специјализации. За разлика од нив оваа власт има 100 милиони инвестиции во опрема, инвестира во изградба на нови и реконструкција на постојни објекти, инвестира во обуки и специјализации. Вината за одредени несреќни случаи треба да ја најдат надлежните институции, а не таа да се генерализира. 

Ова е одговорот на премиерот Никола Груевски, на прашањето на пратеничката од СДСМ Рената Десковска дали мисли да го смени министерот за здравство Никола Тодоров за лошите состојби во здравството, кои, како што рече, резултираат и со смртни случаи.

- СДСМ остави еден хаос. Немаше никакво инвестирање во здравството. Сега има буџет кој е речиси 11 пати поголем од буџетот во тоа време. Тоа покажува колку партијата сакала да го подобри здравството, колку била фокусирана на тоа. Ни оставија ситуација во која со години не било инвестирано, системот беше во хаос, немаше обезбедени обуки за лекарите, немаше систем за подобра организација во овој ресор. По овој мандат на ВМРО-ДПМНЕ има голем пресврт и силно подобрување. Тоа не значи дека сите проблеми се решени, дека не можат да се подобрат сите работи, истакна Груевски

Се најдоа системски решенија, рече, имаше инвестиции, се инвестираа околу 100 милиони евра за набавка на опрема и апарати во здравството. Многу од нив, додаде,  или воопшто ги немаше во Македонија или ги имало само во Скопје, кога работeле кога не.

- Тоа е времето на СДСМ. Денес тоа е променето има огромни инвестиции, се што е потребно се обезбедува има значително поголем буџет и поголемо внимание. Тоа е нашиот однос кон здравството, рече Груевски.

Посочи дека целосно се реконструирани огромен број болници, а се градат и нови. - Наследивме клиники во распад, еден клинец не бил ставен во нив, што се уништило никому не му текнало да го поправи или подобри, рече македонскиот премиер.

Додаде дека се воведени и системски мерки за мотивирање на персоналот како што е плаѓање по учинок, потоа ДРГ ситемот, дека се зглемени платите, дека се обезбедуваат обку во реномирани здравствени центри во светот и дека се применуваат многу нови методи за што, како што потенцира, се испрашаат лекари и медицински персонал на обуки и специјализации.

- Во денешно време медицината оди напред. Ако не се следи и ако на лекарите и персоналот не им се овозможуваат обуки тие нема да ги научат новите методи. Зато аго правиме тоа, по илјада луѓе од оваа година се прашаат на најреновирани установи во светот, рече Груевски додавајќи дека се даваат драстично поголем број специјализации отколку што тоа било случај во минатото. 

За работата на министерот Тодоров, рече, треба да одлучат граѓаните на избори, а како што наведе, ако требало да го променат тоа ќе го направеле на минатогодишните избори.

- За разлика од вашите очекувања тие покажаа нешто друго. Тој беше носител на листа и пребројте колку гласови освои ВМРО-ДПМНЕ таму, а колку СДСМ, рече македонскиот премиер. 

Несреќните случаи, рече Груевски, се нешто кое треба да го решат институциите, а не политичарите. - За тоа постојат институции кои прават истражувања и анализи кои се достапни за јавноста и од кои се гледа кој како работи, ако има грешка кој е виновен за таа грешка, а не да се вперува со прст кон некого да да се собираат политички поени, рече премиерот Никола Груевски одговорајќи на пратеничко прашање.