Груевски: СДСМ би биле најсреќни да нема избори
СДСМ би биле најсреќни да нема избори и тоа веќе се гледа од нивните изјави. Што се однесува до нас избори мора да има. Она што тие ги предизвикаа во текот на оваа година мора да се расчисти на избори и мора да ја добијат лекцијата од граѓаните. Мора да се соочат со народот, а не да бегаат и да поставуваат услови што ги нема во ниту една држава, истакна премиерот Никола Груевски во Вестите на телевизија Сител.
-Испаничени од близината на изборите на 24 април, што ли не смислуваат само да се закочи изборниот процесот. Тие планирале во текот на наредните месеци, особено пред кампања и во кампања, практично изборите да ги добијат со овие фалсификати, кои се произведувале кај така наречниот Чауш. Тои им била целта, но сега и тоа им се руши. Веројатно паниката уште повеќе ќе порасне и обидите да се смислат некакви услови поради кои што нема да дојде до избори. Но, меѓународната заедница има јасен став и ние имаме јасен став, подвлече Груевски.
Премиерот најави дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори.
-Апсолутно дека се подготвуваме. Прво работиме на подготовка на Отчетот. Завршивме огромен број на работи кои ги ветивме и ќе ги покажеме преку Отчетот. Работиме и на новата програма која ќе биде најобемна до сега. Ќе направиме приоритизација, ќе ги сублимираме идеите и ќе ја направиме најобемната и најпрофесионалната програма, додаде Груевски.
Ново на Сител
-
Почина 16-годишен мопедист - Излетал од коловозот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка