Груевски: Реконструирани 450 училишта, уште 60 ќе се обноват годинава
ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години реконструира над 450 училишта во РМ и вложи над 50 милиони евра во подобрување на образовната инфраструктура во земјава, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевкси при денешната посета на Прилеп.
Тој посочи дека постојано се вложуваат големи средства за реконструкција за што е можно повеќе училишта во Македонија.
- Ние имаме континуирани вложувања во реконструкција на училиштата во Македонија. Тоа ни е една од главните активности. Огромен број училишта се веќе реконструирани, а сега започна третата фаза во која се реконструираат последните 20 од предвидените 60 училишта за реконструкција за годинава, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Прецизира дека во општина Прилеп во изминантите 10 години се реконструирани сите училишта.
- Некаде е променет покривот, некаде подот, некаде целосно училиште, некаде се обновени тоалетите, некаде дограмата... Во Прилеп нема училиште во кое во овие десет години немало поситна или покрупна интервенција односно целосна или делумна реконструцкија, рече Груевски.
Нагласи дека реконструкцијата и обновата на училиштата во Македонија останува една од главните определби во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и на Владата.
Ново на Сител
-
Гром усмрти жител во прилепско Мажучиште
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 2 153 повици, три пожари на отворено
-
Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт
-
Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј
-
Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице за даночно затајување
-
Украински власти: Во рускиот напад на Киев загинаа девет лица, а 63 се ранети
-
Никола Анастасијески освои прво место на 16-то Државно првенство на бармени
-
Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи