Груевски: Ова е време кога народот одлучува на избори
Ова е време кога народот одлучува на избори и најважна е неговата оценка за тоа каква држава сака, а силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот. Опозицијата греши кога се противи на изборите правдајќи се со разни изговори и блефови, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на отворањето на политичката академија на партијата организирана во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија и Институтот „Павел Шатев“.
- Вистинската политика подразбира носење на мудри одлуки со кои треба да се направи совршен баланс штитејќи ги државните интереси, а ВМРО-ДПМНЕ секогаш успева да го постигне тој баланс, при што најважни за нас се граѓаните и интересот на државата. Рационалното и разумно однесување, но и штитењето на националните и државните интереси е кодот на нашето однесување. Притоа важни ни се и демократските вредности, а нема поголема демократија од тоа кога народот одлучува и се слуша неговиот глас. Тоа е фундаментот на демократијата, народот е тој кој одлучува, а за нас како ВМРО најважно е мислењето на граѓаните, неговата волја и неговиот став, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, како што нагласи Груевски, е важно обезбедувањето на избори.
- Изборите се гласот на народот кој независно од тоа дали на некој му се допаѓал или не се најдобриот, но и најгромогласниот одговор на сите случувања во нашата држава, а гледам сметаат дека со тоа што се против избори вадејќи разно разни изговори, правдања и спроведувајќи блефови дури и изнасилени правдања ќе го одолжат соочувањето со народот. Јас би им порачал – грешите. Вие таа порака ќе ја добиете и таа порака ќе биде повеќе од јасна. Оваа држава припаѓа на граѓаните. Одамна помина времето кога народот беше во втор план. Силата на ВМРО-ДПМНЕ е во народот, во неговата поддршка која ја добиваме и тоа е сила која Македонија ја носи напред, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски.
Тој посочи дека некои ја имаат деструкцијата за примарна дејност, а ВМРО-ДПМНЕ ја има својата програма која е математички пресметана со прецизни рокови и динамика на спроведување.
- Нашите цели подразбираат големи чекори и многу напорна работа. Тоа всушност го бара нашата држава која влече рецидиви од минатото, но и голем број актуелни проблеми од непромислените политики на нашите опоненти, рече Груевски и порача дека претстои период на многу напорна работа во кој треба државата да излезе од политичката криза, во која, како што рече, ја втурна СДСМ.
Ново на Сител
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари
-
Ибраимовски: Фрлена бомба врз штабот на ПЦЕР во Тетово
-
Неевидентирани лица од други општини сакаат да добијат бесплатен кров над глава во Штип
-
Расте бројот на ученици во стручното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка