Груевски најави намалување на каматните стапки на земјоделските кредити преку МБПР
Владата размислува за намалување на каматните стапки за земјоделските кредити што се даваат преку Македонската банка за поддршка на развојот, изјави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Пелагонскиот регион.
Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски апелираше до земјоделците кои имаат подготвено добри проекти да ја искористат можноста и да аплицираат за добивање на кредитите.
- Разговаравме за намалување на каматата од три на два проценти што ќе значи уште поповолни кредитни линии за земјоделците. Тоа ќе им помогне на многу земјоделци да може да дојдат до она што им е потребно. Овие кредити се наменети за три работи – за примарно производство, каде повратот е за 18 месеци, потоа за преработувачки капацитети и за откуп во дистрибутивни центри. Средствата се даваат за обртни средства каде повратот е за 18 месеци или за основни средства каде повратот е за пет или повеќе години. Можноста постои, луѓето треба да ја искористат, истакна премиерот Груевски.
Тој додаде дека од алоцираните 10 милиони евра наменети за земјоделците преку Македонската банка за поддршка на развојот досега се искористени четири милиони.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место