Груевски: Ќе продолжиме да инвестираме во Делчево и Истокот на Македонија
Она што е важно е дека успеавме да создадеме атмосфера во која се инвестирани над 2 милијарди евра, извозот порасна на над 4 милијарди евра, а истиот овој извоз кога дојдовме на власт во 2006-та година беше 1 милијарда 700 милиони евра, а за сето тоа постигнато некој постојано работел, некој носел инвестиции и отворал нови работни места, а народот знае да направи разлика, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски, вечерва во Делчево.
-Обезбедивме над 1 милијарда евра за земјоделците, 62 хектари државно земјиште под закуп, за прв пат секој земјоделец да може да купи трактор по 50 посто грант од страна на државата, а во иднина тоа ќе се обидеме да го направиме да биде наместо досегашните 50/50 учество сега да изнесува 60 проценти на државата и 40 проценти на земјоделците. Изградивме 74 нови училишта, беа реконструирани над 400 училишта, се отворија 80 нови лаборатории, се намалија квотите за студенти на 200 евра за државна квота и 400 евра со партиципација, се изградија 74 тениски терени, 57 повеќенаменски игралишта, 50 фудбалски терени, се направи значителен раст на просечни пензии и минимална пензија порасна за 70 посто, исто така се забележа и раст на соицјална помош, извршивме еднократен отпис на долговите со што на 15.000 семејства им беше отпишан долгот и ги намаливме цените на лековите 10 пати и ја овозможивме легализација на бесправно изградени објекти, рече Груевски.
Тој исто така потенцираше дека откако се тие дојдени на власт се намалија царините и акцизите за увоз на половните автомобили, се намалила и цената на зелениот картон, а се намалија и трошоците за регистрација на возилата.
-Со новата програма не само што се планираат на нови 70 000 работни места и намалување на невработеноста на 17 до 18 посто, исто така се планира понатамошен раст на пензиите за 10,25 пост, платите во јавен сектор и раст на социјална помош која треба да расте за 50 проценти во наредниот период. Во иднина ќе имаме и нови проекти, ќе се реализира и проектот за рурални развојни зони за сите села каде што ќе им се даде шанса на помалите места одалечени пет километри надвор од градот да отворат свој бизнис. Во програмата Реално се планираат и 600 милиони евра за македонские земјоделци по 150 милиони евра секоја година, истакна Груевски.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија