Груевски: Изборите на 5 април неопходни за крај на кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска се сретна со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа, на која се разговараше за актуелната политичка состојба, наметнатата криза, како и интеграциските процеси важни за државата.
Како што соопштија од партијата, Груевски го афирмирал својот став за крај на политичката криза, посочувајќи дека изборите на 5 јуни се неопходни за нејзино надминување, преку демократски процес каде граѓаните согласно нивната волја ќе одлучат за иднината на државата.
- Груевски посочи дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е тие да бидат фер и демократски, за што институциите задолжени за процесот и нивно организирање ја имаат потполната поддршка. Тој подвлече дека изборите се и тест за демократскиот капацитет на партиите и подготвеноста да се соочат со волјата на граѓаните, се вели во соопштението.
Во него се додава дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребен крај на кризата и оти тоа го сакаат и очекуваат граѓаните, како и враќање на рефорсмките процеси и продолжување на реализација на проектите кој се од нивен интерес.
Во поглед на интеграциските процеси Груевски истакнал дека стратешки интерес на Република Македонија е членството во Европската Унија при што реализацијата на реформите кои ќе придонесат за унапредување на различните сфери од општественото живеење се во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

40-годишник со употреба на електрошок изнудил 110.000 денари од три жени во Пробиштип
-

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
-

Со дрон и камерите на „Безбеден град“ ги барале исчезнатите кај Блаце, ги пронашле мртви во превртен „Мерцедес“
-

Меси: Шпанија беше подобра
-

Кривична за вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, присвоил 3.362.272 денари од студенти
-

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
-

Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје од денес до 23 јули
