Македонија
5. April 2016 - 16:28

Груевски: Годинава целото производство на тутун е откупено

Годината се заокружува со околу 20 илјади тони откупен тутун. Откупено е целото производството, а постигнатата просечна цена е 186 денари за килограм. Производителите добиваат по уште 60 денари државни субвенции за секој откупен килограм, со што тутунарите годинава добиле просечено по 4 евра за килограм.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека цената, а и откупниот процес се значително  подобрени изминативе години.

Досега на тутунарите исплатени им се исплатени 10 милиони евра субвенции за тутунот предаден до 15 јануари.