Груевски: Дополнителни 80 милиони денари за набавка на лекови на рецепт

За дополнителни 80 милиони денари Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување од 1 септември ќе ги зголемат средствата за набавка на лекови на рецепт.
- Во овој момент 742 аптеки имаат искористеност на квотите од 90 проценти, што значи дека постои видлива потреба за зголемување на квотите. Од тие причини, за последните четири месеци од годинава Министерството за здравство ќе обезбеди дополнителни 80 милиони денари за набавка на лекови на рецепт, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНе Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по почетокот на изградбата на гасоводот на делницата Штип-Неготино.
Ова како тренд, додаде тој, ќе продолжи и во следната година, така што од 1,250 милијарда денари колку што се одвојувало во 2006 година сега, со овие дополнителни 80 милиони денари, ќе се издвојуваат вкупно 2,550 милијарди денари.
- Тоа значи повеќе од двојно средства се даваат за лекови на рецепт кои се најзначајни за граѓаните. Тоа укажува на една посебна грижа и посветеност во делот на добивање вакви лекови коишто им се најпотребни на граѓаните, истакна Груевски.
Потсети дека во овие години имало и девет пати намалување на цените на лековите.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
