Груевски: 11.200.000 евра за 40 видови стипендии во 2016 година
За наредната 2016 година се обезбедени 11.200.000 евра за 40 видови стипендии, соопшти денеска премиерот Никола Груевски по посетата на локацијата каде ќе се гради нов објект за студенсткиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ (Медицинар).
- До 2005 година ние имавме, се на се од пет до седум видови стипендии. Сега има 40 видови стипендии за високо образование и за средно училиште. До 2005 година имаше одредена сума на пари којашто се даваше за стипендии. Сега таа е триплирана, 11.200.000 евра се предвидени за следната 2016 година од буџетот за стипендии, и за средношколци, и за студенти. Тоа е три пати повеќе од 2005 година, и веројатно, се шест-седум пати повеќе видови на стипендии отколку што имаше во 2005 година, рече Груевски.
Меѓу стипендиите кои во изминатите гидини ги обезбедува Владата преку Министерството за образование и наука, се за талентирани студенти и ученици, за спортски таленти, за студенти од социјално ранливи категории, за студии на техничките и на информатичките факултети, за студии на првите 100 универзитети во светот според рангирањето на Шангајската листа, за филмската академија во Охрид... хс/са/16:40
Ново на Сител
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината
-
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра | ФОТО
-
Од почетокот на седмицата уапсено 21 лице, а констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци
-
Возел 92 км на час на место каде што е дозволено 40